
Пронаоѓањето на вистинската понуда за Вашиот иден дом е предизвик кој не е лесен. Ние во “Луна Корпорација“ ја разбираме потребата на нашите клиенти, кои стануваат и наши партнери во финализирањето на сите детали поврзани со потребите на современите семејства. Довербата ја стекнуваме со нашиот темелен пристап започнувајќи од изборот на локацијата, проектирањето и селекцијата на материјали, како и поединечна адаптација во согласност со насоките од идните сопственици на просторот.
Во нашата традиција не се вклопуваат импровизации, нефункционални решенија, недореченост и скриени трошоци. Градиме отворен однос со сопствениците, кои неслучајно повторно се одлучуваат за “Луна“ и при наредната одлука за купување на стан или деловен простор.
Наместо зборови, претпочитаме за нас да говорат нашето повеќедецениско искуство, уникатноста на нашите градби и задоволството на нашите клиенти. При првата посета на објект на “Луна“ се чувствува различноста на нашиот стил, и стремежот кон повисоко со секој нареден проект. Се задоволуваме само со најдоброто, затоа што тоа е потребата и на нашите клиенти.
Ви стоиме на располагање за подетални информации околу нашите проекти.
Димитрија Чуповски бр.22а, 1000 Скопје, Македонија